Битола ќе биде домаќин на пионерскиот Ф4

Тимот на Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Ф4 турнирот за шампиони на Македонија во пионерска конкуренција.

Натпреварите се играат во недела на 18 маj во салата “Боро Чурлевски”. Во првото полуфинале пионерите на домашниот тим во 11:30 часот го пречекуваат тимот на Алкалоид.

Вториот натпревар е помеѓу пионерите на  Вардар и Охрид, а тоj ќе биде од 13:00 часот.

Натпреварот за трето место е закажан за во 17:00, а финалето е закажано за 18:30 часот.