Репрезентацијата на Франција го освои трофејот во ЕХФ Евро Купот, откако прослави шест победи против Данска, Шведска и Норвешка.
Четирите селекции што не играа квалификации за ЕП 2026 играа во ЕХФ Евро Купот, а момците на Гијом Жил, победија против Норвешка со 35-34.
Иако имаа изменет ростер, Французите и покрај негативата на паузата од Норвешка, 16-14, во вториот дел успеаја да направат комплетен пресврт во последното коло од ЕХФ Евро Купот.
„Триколорите“ имаа одлично загревање пред настапот на ЕП 2026 и со шест победи си ја зголемија самодовербата пред одбраната на титулата на следниот континентален собир.