Изминатите неколку денови се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналето во женската пионерска лига.
На завршниот турнир во борба за титулата се пласираа Струга, Астибо, Металург и Ѓорче Петров.
Aстибо и Ѓорче Петров одат на Ф4 со двојни победи, додека Металург по ремито кај Чаир, дома го надигра ривалот со осум голови разлика.
Најинтересно беше на двобојот меѓу Струга и Вардар, кој беше решен со еден погодок на реваншот во Струга.
Завршниот турнир ќе биде на програмата претстојниот викенд, а двојките и местото на одигрување ќе бидат дополнително познати.
Пионерки, четвртфинале, резултати:
Астибо – Јехона 22-10, 17-16
Струга – Вардар 15-13, 13-14
Металург – Чаир 27-19, 19-19
Ѓорче Петров – Младост Богданци 29-12, 31-9