Новиот централен бек во составот на Македонија, Мартин Ивановски ја искористи довербата на селекторот Лазаров и беше достојна замена за повредените репрезентативци Митев и Ѓоргиев на дуелите со Естонија и Литванија.
Токму тој беше играчот кој го разбуди нападот на Македонија и ја врати довербата дека можеме до пласман на нов Европски собир по воведниот нокдаун од Литванците.
Го одиграв вториот натпревар за македонската репрезентација, но секако ова е ново искуство за мене. Одигравме посебен натпревар, за мене чувството е неверојатно- пред ваква публика, пред сите Македонци да прославиме ново Европско првенство,многу сум среќен и задоволен.
По лошиот старт сите бевме малку загрижени, но знаевме што сакаме, добро се подготвивме, никогаш не се откажавме, секогаш верувавме во победа и затоа извојувавме ваква убедлива победа.-истакна младиот Ивановски.
Македонија како второпласирана од групата 1 обезбеди пласман на Европското првенство 2026, откако во последното коло ја совлада Литванија со резултат 26-17.