Стефан Ѓорѓиески од Струга е најдобар стрелец и МВП, двајца пелистерци во идеалниот тим на Ф4

По финалниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Струга, во кој убедливо славеа битолчани, 38-31 беше избран и идеалниот тим на завршниот турнир кај кадетите.

За најдобар стрелец и најкорисен играч беше прогласен Стефан Ѓорѓиески, левото крило на вицепрвакот Струга. Најдобар голман е Мелин Фехми од шампионот Еурофарм Пелистер.

Во идеалниот тим се најдоа двајца членови на шампионот Еурофарм Пелистер – голманот Мелин Фехми и средниот бек Стефан Ѓорѓиевски.

Покрај Ѓорѓиески од Струга, од вицешампионот место во идеалниот тим имаше и за кружниот напаѓач Стефан Матески.

Од Пролет меѓу најдобрите беше левиот бек Горазд Дамчевски, додека од редовите на домаќинот на Ф4, во идеалниот тим се најдоа десниот бек Стефан Поповски и десното крило Јован Петрески.

Кадетите на Еурофарм Пелистер донесоа прв трофеј во Битола