Младите ракометари на Еурофарм Пелистер станаа кадетски прваци на Македонија и го донесоа првиот трофеј во Битола сезонава. Тие во финалето на Ф4 турнирот во Скопје ја победија Струга со 38-31 (18-11).
Бронзениот медал го освои Пролет откако во мечот за третото место го победи домашниот тим на Мулти Есенс со 27-26. Домаќин на Ф4 турнирот беше Автокоманда, и тоа трета година по ред, за што имаше многу негодувања од клубовите што играа во завршницата при доделувањето на организацијата.
Генерацијата која играше на Ф4 турнирот се момчиња родени 2008 и помлади, а од четирите екипи на Ф4, генерацијата од Струга лани настапуваше и на Ф4 турнирот во пионерска конкуренција и го освоија третото место. Сега стигнаа до сребрениот медал во својата генерација.
Битолчани во текот на најголемиот дел од натпреварот имаа предност која знаеја да ја задржат и на крајот да му донесат триумф на клубот, кој сезонава ќе има претставник и на младинскиот Ф4 во Келн. Тимот од Битола имаше двајца расположени голмани, Трусунов и Мацановски во текот на целиот меч и двајцата имаа двоцифрен број на одбранети топки. И на другата страна се истакна Великиќески, но самиот не можеш против нападот на Еурофарм Пелистер.
Трусунов со 10 гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, а по 6 дадоа Ѓорѓиевски и Данчевски. Кај второпласираниот тим, седум гола даде Ѓорѓиевски.
Двете екипи стигнаа до финалето откако во полуфиналните средби дури по зиведување на седмерци.


Еурофарм Пелистер и Струга преку пенал рулет до битка за титула кај кадетите!
Стефан Ѓорѓиески од Струга е најдобар стрелец и МВП, двајца пелистерци во идеалниот тим на Ф4