Уште осум билети за ЕП – 16 селекции се борат, еве ги сите комбинации

Денеска ќе бидат познати уште осум патници на ЕП 2026 и ќе бидат комплетирани 24 селекции што ќе играат на континенталниот собир во Шведска, Данска и Норвешка.

На програмата се 16 натпревари што ќе се играат во ист термин од 18:00 часот насекаде низ Европа. Во дел од групите веќе се решени дилемите, но во некои сигурно нема да се знае редоследот до последниот судиски свиреж.

ЕП 2026, квалификации:

група 1
Словенија е сигурно прва, а Естонија сигурно последна. Ако Македонија победи со два гола, тогаш ќе биде втора, во сите други случаи ќе заврши на третото место. Ако Литванија победа, ремизира или загуби со еден гол, тогаш ќе биде втора, во сите други случаи ќе заврши на третото место.

група 2
Тука се знае редоследот. Унгарија е сигурно прва, Црна Гора втора и одат на ЕП 2026, Финска ќе заврши трета, а Словачка четврта без разлика на последните резултати.

група 3*
Исланд е прв, Грузија втора и се сигурни патници на ЕП 2026. Грција или Босна и Херцеговина ќе завршат на третото место, но со лоша гол-разлика, па тешко ќе може да се надеваат на место на континетналниот собир.

група 4*
Летонија е сигурно последна, а Шпанија обезбеди ЕП 2026, но не е познато дали ќе биде прва или втора на табелата. Во последното коло во меѓусебен дуел ќе се решава за вториот сигурен патник од оваа група меѓу Србија и Италија. Ако Италија ремизира или победи, ќе биде втора, во другите случаи ќе заврши трета. Ако Србија победи, тогаш се сигурно на првото или второто место, во другите случаи ќе биде трета. Една од двете селекции сигурно ќе биде трета и многу веројатно ќе биде меѓу најдобрите четири третопласирани што одат на ЕП 2026.

група 5*
Хрватска е сигурно прва, Чешка сигурно втора и одат на ЕП 2026. По денешните средби ќе биде познато дали Белгија или Луксембург ќе завршат трети.

група 6*
Фарски Острови и Холандија се сигурно квалификувани, но не е познато од која позиција. Украина и Косово ќе завршат на третата позиција.

група 7*
Германија е сигурно прва, Турција сигурно четврта. Австрија и Швајцарија меѓусебе ќе решаваат за второто место. Ако Австрија одигра реми или победи, тогаш ќе биде втора, во други случаи ќе заврши трета. Ако Швајцарија победи, тогаш ќе биде втора, а во другите случаи ќе биде на третото место. 

група 8*
Португалија е сигурно прва и оди на ЕП 2026, додека Романија, Полска и Израел ќе решаваат во последните натпревари, која селекција сигурно оди на ЕП, а која ќе заврши трета и ќе чека резултати од другите групи.

*Во групите 3, 4, 5, 6, 7 и 8 има голем број на комбинации за третопласираните тимови, па затоа ЕХФ не објави потенцијални калкулации, а дополнително ќе ги потврди најдобрите четири третопласирани во сите групи кратко откако ќе завршат сите натпревари.