Некогашна вардарка стана нутриционистка

Некогашната ракометарка на Вардар, Александра Лакрабер, по крајот на играчката кариера, реши да се проба во друга област.

Таа објави дека е дипломиран нутриционист и им се обрати на потенцијалните клиенти на социјалните мрежи.

Французинката е специјализирана во делот за диети, а ќе работи и со спортисти – индивидуалци, но и клубови.

Лакрабер минатата сезона ја обнови кариерата и играше за данскиот Рингстед, иако претходно објави крај.

Десниот бек во Вардар мина две сезони, од 2016 до 2018, претходно играше за Арвор, Тулуз, Звезда Звенигород, Бера Бера, Мио Бигано, Ница, од каде дојде во Скопје.

По заминувањето од „црвено-црниот“ клуб, одигра три сезони во Флери Луар, една во Шамбре Турен, но и во романскиот Рапид Букурешт.