На актуелниот шампион Еурофарм Пелистер му требаше многу за да ги„запали моторите“ и да одигра според она како што знае и се очекува. Како „ладен дизелски мотор“ се загреа дури после 40 минути, за да може на крајот од средбата да каже дека е завршена работата, и победиле. Битолчани со 29-25 (12-11) триумфираа, но многу се намачија да стигнат до победата.
Тиквеш во Битола пристигна без неколку клучни ракометари, па однапред се знаеше дека домашните ракометари ќе имаат лесна задача. Во соствот на тренерот на гостите Кристијан Грчевски ги немаше Кривокапиќ и Димовски, што значеше и проблеми со нападот, бидејќи двајцата беа важни алки во тимот.
Но, само што почна натпреварот ситуацијата на паркетот беше поинаква. Тиквеш имаше водство, домашните беа изненадени и домашниот тренер не можеше да најпр епротив игра, особено за одбраната на кавадарчани.
Изненадувачки за оние што не го гледале мечот, но на полувреме Тиквеш имаше и водство 12-11, со кое најави дека можеби ќе атакува на триумф со кој може да го реши и првенството. Немаа што да загубат, и можеа само да бидат херои. Издржаа 30 минути, но требаше со исто темпо да играат уште едно полувреме.
Фото: Дамјана Ристеска
Тоа тешко одеше, и Еурофарм Пелистер во 37. минута првпат имаше предност од „плус 2“ за водство 15-13. Во 47. минута водството беше 21-1 и се чинеше дека отпорот на гостите е скршен. Сега Еурофарм Пелистер го диктираше темпото, а Тиквеш се обидуваше да го следи, но времето одминуваше.
Кога Дејан Манасков во 51 минута го постигна својот седми гол на средбата, а Еурофарм Пелистер поведе со 24-20 стануваше јасно дека бодовите ќе останат во Битола.
Дејан Манасков со 10 гола беше најефикасен на мечот, а половина од бројот на голови на Манасков даде Филип Кузмановски. Кај гостите шестгола даде Славчо Шулески, а едемн помалку Даниел Андоноски.