Фуксе Берлин доминантно обезбеди пласман на Ф4 во Келн!

Германскиот тим двапати го совлада Алборг и по 13 години се врати на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Екипата на Фуксе Берлин во Данска го прослави пласманот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

За бундеслигаш ова ќе биде второ учество на завршниот турнир во ЛШ, по оној во сезона 2011/12.

Во четвртфиналето против Алборг, Фуксе Берлин одигра доминантно и победи на двата натпревара, потврдувајќи ги високите амбиции во најелитното европско натпреварување.

На првиот меч, составот на Фуксе Берлин триумфираше со 37:29, а на денешниот реванш немаше многу проблеми да стигне до нова победа од 40:36.

Победничката екипа беше предводена од Матијас Гидсел со девет погодоци, Ласе Андерсон додаде уште седум, додека голманот Дејан Милосављев запиша 13 интервенции.

Кај Алборг се истакна левото крило Кристијан Бјорсен со девет погодоци, а голманите Норстен и Ландин заедно собраа 11 одбрани.