Познато е кога Вардар ќе гостува во Автокоманда

Дерби натпреварот од 6 коло од суперлигашкиот плеј-оф ќе се игра во салата во Автокоманда, каде „сино-белите“ го пречекуваат Вардар.

Овој двобој ќе има директно влијание на трката за титулата. Ако домашните слават, тогаш влегуваат во таа трка.

Ако победат гостите тогаш ќе направат уште еден чекор напред кон првото место, а во Битола сигурно ќе се посакува реми меѓу двата ривали.

На табелата Вардар е прв со 12 бодови, втор е актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 11, додека тимот на Лазаров е трет со осум бодови.

Натпреварот меѓу „сино-белите“ и Вардар е закажан за в сабота, 3 мај, со почеток од 18:00 часот во Автокоманда.