Три германски екипи и Монпелје ќе се борат за титулата во ЛЕ!

По Кил, уште Монпелје, Фленсбург и Мелсунген обезбедија пласман на Ф4-турнирот во Лигата на Европа.

Фленсбург во реваншот од четвртфиналето против ГОГ одигра според очекувањата и триумфираше со 35:29, додека Монпелје го совлада Порто со 35:32.

Мелсунген, предводен од Парондо, беше доминантен на свој терен против Бидасоа, славејќи со 32:22.

Ова значи дека за трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се борат дури три германски екипи.

И минатата сезона на Ф4 турнирот имаше три германски екипи. Тогаш Фленсбург го освои трофејот, втор беше Фуксе Берлин, а третото место го освои Рајн Некар со триумфот над Динамо Букурешт.

 

Кил е првиот патник на Ф4 во Лигата на Европа