Kуманово лесно се справи со Астибо

Ракометарките на Куманово им се вратија на победите во Женската лига, откако славеа на домашен терен против Астибо со 36-22.

Избраничките на Славиша Димитријески уште на стартот поведоа со 5-1 и понатаму се беше полесно.

До паузата направија плус пет, 17-12, а во вториот дел комплетно го надиграа ривалот и трипати ја зголемија предноста во своја корист.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа капитенот Цветановска со осум гола, како и Шехтанска и Мемов со по шест погодоци, додека по исто толку за гостинскиот тим постигнаа Анчева и Димова.

Во следното коло Куманово ќе го пречека составот на Вардар, додека Астибо ќе гостува кај Металург Автокоманда.