Магдебург остана без најдобриот стрелец

Екипата на Магдебург ќе биде сериозно ослабена до крајот на сезоната, откако остана без едно од левите крила.

Најдобриот стрелец Матијас Муше се повреди на натпреварот против Веспрем во Лигата на шампионите.

Тој ја скина Ахиловата тетива, во оваа сезона сигурно нема да заигра повеќе, а нејасно е кога ќе биде подготвен да се врати на терените.

На негово место во првиот тим ќе се приклучи младиот Пабло Ланге, кој ќе формира дуо на левата крилна позиција со Лукас Мертенс.