Вардаровите пионери тргнуваат од првата позиција – Познати се сите четврфинални двојки

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 е единствена без загубен бод, со 15 победи, и уште еден меч за играње, слично како и Охрид кој има 11 победи и само едно реми. Пионерите на Вардар имаат најдобра напад, постигнаа 397 гола на 15 натпревари, а имаат за играње уште еден дуел

Со натпреварот Куманово – Вардар кој заврши со триумф на „црвено-црните“ со 27-24 познати се сите осум екипи во пионерска конкуренција што ќе разигруваат за титулата. Со гостинскиот триумф Вардар го обезбеди првото место во В групата иако до кракот им останува за играње уште градскиот дуел со Алкалоид кој нема ништо да смени во распоредот на табелата.

Во четвртфиналето од В групата се пласира и Алкалоид. Од другите групи, најубедливи беа пионерите на Еурофарм Пелистер 2 кои без пораз и со импресивна гол разлика (351-143) го освоија првото место во група Б, пред Тиквеш од Кавадарци.
Екипите од групите Б и В ќе одиграат по 16 натпревари, а во другите групи во зависност од бројот на екипи, само по 12 натпревари.

Од А групата во четвртфиналето одат Охрид, и Динг 2021, а од Г групата првите две места ги освоија Аеродром и Мулти Есенс.

Во четврфиналето ќе играат:
Динг – Еурофарм Пелистер 2
Тиквеш – Охрид
Мулти Есенс – Вардар
Алкалоид – Аеродром

Ќе се играат по два меча (дома 3/4 мај и гости 9/10 мај), а победниците ќе играат на Ф4 турнирот во мај (16/17 мај), чиј домаќин дополнително ќе биде одреден.