Ракометарите на Охрид ги очекува нов натпревар од суперлигашкиот плеј-оф и тешко гостување кај Тиквеш во Кавадарци.
Голманот Даниел Ѓорѓески, имаше неколку одлични партии во серија, но Охрид не доби ниту еден од тие натпревари против водечкото трио.
Тој очекува тежок меч во „Јасмин“.
„Не чека тежок натпревар во Кавадарци, Тиквеш е незгодна екипа, особено кога игра на домашен терен. По три порази, нас ни треба една победа сега за да ги вратиме самодовербата и атмосферата. Многу значаен натпревар е ова за нас, се подготвуваме максимално и одиме на победа во Кавадарци. Ќе треба максимално да влеземе во овој дуел, секој играч мора да даде повеќе од 100% и ангажирано да игра за да го добиеме натпреварот“, вели Ѓорѓески.
Чуварот на мрежата вели дека рецептот за победа е пред се со добрата одбрана.
„Уште имаме проблеми со составот и со повредените ракометари, не знам колку ќе бидат спремни за овој натпревар. Но тие што ќе излеземе на терен ќе дадеме 100% за да го добиеме мечот. Мора да играме добра одбрана, да намалиме технички грешки за да можеме да се надева на победа“, заврши Ѓорѓески.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид се игра в четврток во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 19:00 часот.