Црногорскиот интернационалец Владан Кастратовиќ и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Прилеп.
Кастратовиќ и раководството на прилепчани се договорија за нова соработка и средниот бек ќе остане во клубот најмалку до 2027 година.
Тој е важна алка во составот на прилепчани и тие направија голема работа со задржувањето на еден од најдобрите играчи.
Кастратовиќ во татковината играше за Комови, а во Македонија ги носеше дресовите на Струга, Охрид и Куманово.