Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 12. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 12. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 12. коло, резултати:
Чаир – Куманово 36:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Вардар 30:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Астибо 43:17 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 12. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров) – Одгра речиси без грешка против Астибо и зад своето име запиша седум погодоци.
Теодора Дукоска (Чаир) – Младата ракометарка даде голем придонес во победата на дерби дуелот против Куманово.
Бојана Коцева (Металург Автокоманда) – Имаше одлична партија против својот поранешен клуб и натпреварот го заврши со седум реализации.