Стартуваат борбите во Купот – еден натпревар решен на „зелена маса“

Тимот на Пролет е четвртиот учесник што обезбеди место во групната фаза во Купот на Македонија, но прв од елиминациите.

Пролет требаше да игра против прволигашот Кичево, но овој тим се откажа од лигата и нема да игра ниту во Купот.

Покрај Пролет кој службено оди во наредната рунда, од претходно директно во групите се пласирани „сино-белите“ од Автокоманда, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Од денеска до недела ќе бидат одиграни уште 12 натпревари, по што ќе се комплетираат сите 16 екипи што ќе разигруваат за Ф4.

Куп на Македонија, елиминации, распоред:

28/3, 18:00, Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
28/3, 19:00, Тиквеш – Јехона
29/3, 12:00, Куманово – Астраион
29/3, 13:00, Охрид – Шампион
29/3, 13:00, Радовиш – Скопје
29/3, 14:00, Мулти Есенс – Преспа Вардар
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ