Final - Croatia vs Denmark, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 02.02.2025, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

📷 По среброто на СП, хрватските херои се најдоа на поштенска марка

Во чест на сребрениот медал што хрватската ракометна репрезентација го освои на Светското првенство 2025, Хрватска пошта, во партнерство со Хрватскиот ракометен сојуз, издаде сет од специјални поштенски марки.

Иако во финалето во Осло беа поразени од Данска, хрватските ракометари со својата пожртвуваност и емоции ја воодушевија нацијата, а за освоеното сребро имаа и спектакуларен пречек на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб.

Светското првенство беше и крај на репрезентативната кариера за ракометните легенди – Домагој Дувњак, Игор Карачиќ и Иван Пешиќ. По завршувањето на Мундијалот, сите тројца се посветија 100% на клупските настапи.

Поштенските марки се изработени од дизајнерката Аленка Лалиќ, а на нив е прикажан емотивен момент од доделувањето на медалите, забележан од фотографот Јозо Чабраја. Издадени се 20.000 комплети, со поединечна вредност од 1,70 евра.

Хрватска, која беше еден од организаторите на Светското првенство, конечно по 15 години успеа да си обезбеди пласман во финалето на Мундијалите.