Поранешниот голман на Хрватска, Мирко Алиловиќ, во интервју за ТВП Спорт откри дека нема намера да ја заврши кариерата.
Иако има 39 години, искусниот голман, кој веќе две сезони го носи дресот на Висла Плоцк, планира да брани дури не освои титула во Лигата на шампионите.
,,Ова не е моја последна сезона во кариерата, знаете, сè уште имам лепак во моите раце, можеби имам 39 години, но сум здрав и мотивиран. Ќе бранам дури не освојам ЛШ. Би сакал да останам и да бидам дел од голем проект. Висла расте од година во година, станувајќи се подобар клуб. Погледнете кои играчи настапуваат во тимот. Мислам дека следната сезона Висла ќе биде еден од фаворитите за настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите”, изјави Алиловиќ.
Хрватот во Висла Плоцк пристигна од ПИК Сегед, во овој клуб помина пет сезони, а претходно беше дел од Веспрем, Целје, Адемар Леон и Извиѓач.