Словенија по триумфот над Македонија со 38-27 обезбеди место на ЕП 2026, откако претходно славеше и во Скопје со 32-26.
Селекторот на Словенија, Урош Зорман, вели дека неговите избраници ги надминале очекувањата во оваа ЕХФ недела.
„Имавме многу проблеми пред оваа недела, но моите избраници одлично си ја завршија работата, за што искрено им честитам. Со исклучок на воведните десет минути од првиот меч во Скопје, се друго беше во наша полза и ги надмина моите очекувања. Во двата меча се изгледаше многу лесно, но не беше така – Македонија е многу подобра репрезентација отколку што покажуваат резултатите“, изјави Зорман.
Словенија веќе може да прави планови за ЕП 2026, а Македонија ќе се бори со Естонија и Литванија во мај за местото на континенталниот собир.