Лоши вести од Словенија: Митев ги повреди лигаментите на коленото!

Македонскиот репрезентативец Марко Митев се повреди на натпреварот од квалификациите за ЕП 2026 против Словенија, а првичните информации не се оптимистички.

По лекарските прегледи во Словенија, утврдено е дека станува збор за повреда на предниот вкрстен лигамент на коленото, но допрва ќе се знае дали се работи за скинат или само истегнат по дополнителните прегледи во Скопје.

Доколку се оствари непосакуваното сценарио, тоа значи дека сезоната ќе биде завршена за организаторот на играта, кој игра во одлична форма, па Македонија без него ќе мора да го обезбеди пласманот на ЕП.

Покрај за репрезентацијата, Митев не би му бил на располагање на Кирил Лазаров ниту за клупските настапи со „сино-белиот“ тим од Автокоманда, кој го очекува двомеч со романскиот Баја Маре во четвртфиналето на Европскиот Куп.