Познат е домаќинот на Ф4 во дивизијата „исток“ во СЕХА лигата

Завршниот турнир во дивизијата „исток“ од регионалната СЕХА лига ќе се игра во рускиот град Чехов.

Најдобрите четири екипи од тој регион ќе играат во „Олимписки“, на 6 јуни ќе бидат на програмата полуфиналните средби, додека на 8 јуни се мечот за трето место и финалето.

Минатата сезона Ф4 се играше во белорускиот град Брест, додека во 2023 година домаќин беше Санкт Петербург.

За титулата ќе се борат три руски клуба – Чеховски Медведи, ЦСКА Москва и Зенит Санкт Петербург и белорускиот првак Мешков Брест.