Македонија вторпат поразена од Србија

Женската репрезентација на Македонија загуби и на вториот пријателски натпревар во Бор од домаќинот Србија со 35-28.

Македонската одбрана немаше решение за десниот бек Анѓела Јањушевиќ, која постигна десет погодоци.

На првиот меч, Србинките на чија клупа дебитираше новиот селектор Бент Дал, победија убедливо со 34-21.

Овие два меча беа дел од подготовките за бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Холандија и Германија против селекцијата на Полска на 16 и 19 април.