Тимот на Тримо Требње, предводен од македонскиот стручњак Раде Стојановиќ, дојде до нова победа во словенечкиот шампионат.
Тримо Требње во натпревар од последното коло на регуларниот дел од тамошниот шампионат му гостуваше на Копер и успеа да триумфира со 29:28.
За тимот на Стојановиќ ова беше 16-ти сезонски триумф, односно четврти во новата година, па така со новите два бода се задржа на третата позиција.
Лидери во словенечкиот шампионат се Слован и Целје со 37 бода, додека Тримо Требње има два бода помалку.
Избраниците на Стојановиќ во досегашниот тек од сезоната беа поразени само на три натпревари, а на три одиграа нерешено.