Дербито на 21 коло од Супер лигата ќе се одигра во Охрид, каде домаќинот ќе го пречека тимот на Вардар.
Левиот бек на „гладијаторите“, Рудолф Сафранко, вели дека огромен мотив за домаќините ќе биде гостувањето на двократниот европски првак.
„Натпреварот со Вардар не ни е резултатски важен, но ќе биде одличен тест пред стартот на плеј-офот. Секогаш кога играте против Вардар, кој е двократен европски шампион, секогаш сакате да ги победите, па ќе се обидеме на последниот меч пред плеј-офот во „Билјанини Извори“ да славиме со нашата публика. Сакам да се собереме, да дојдат навивачи во што поголем број и со заеднички сили да пробаме да направиме што подобар резултат“, изјави Сафранко.
Натпреварот меѓу Охрид и Вардар се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.