Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го игра последниот натпревар за оваа сезона во Лигата на шампионите.
Гостин во Битола е францускиот гигант ПСЖ, а тренерите Раул Алонсо и Раул Гонзалес ги одредија составите за пресметката во елитното натпреварување.
Во македонскиот состав се враќа левото крило Дејан Манасков, на местото на Петар Атанасијевиќ, кој не е во комбинација, како и Петровиќ, Печурица, Ѓорговски и Цехте.
ПСЖ е со најсилниот состав во Битола, а ќе недостига само десното крило Давид Балагер, кој подолго време не игра поради повреда.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.