Суперлигашот Прилеп денеска преку социјалните мрежи официјално ја потврди промената на тренерското столче.
Клубот во продолжението од тековната сезона ќе биде предводен од Страшо Илиески, кој доаѓа на местото на Божидар Мојсов.
Прилепчани веќе ги загубија шансите за пласман во ТОП 6 и по крајот на регуларниот дел од првенството ќе играат во плеј-аут фазата.
До крајот од регуларниот дел остануваат уште две кола, а Прилеп овој викенд ќе му гостува на дебитантот Борец ФЛ.
Некогашен ас на Тутунски Комбинат ја презеде клупата на Прилеп