Тимот на Безансон, каде што игра македонската репрезентативка Ива Младеновска, е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Франција.
Безансон загуби на гостински терен кај непобедливиот состав на Мец со 31-24, откако и на полувремето имаше негатива од три гола, 15-12.
Младеновска откако минатата недела го постигна првиот гол за Безансон, овојпат против Мец имаше три гола од три обиди.
По елиминацијата од Купот, за Безансон и македонската репрезентативка претстојат битките во францускиот шампионат.