Колев и Курнон фаќаат залет за француската елита

Тимот на Курнон Доверњ каде што тренер е Македонецот Марјан Колев, ја продолжи победничката серија во Втората лига на Франција.

Иако имаше големи проблеми со составот, Курнон славеше на гостувањето кај Безансон со 35-30.

Иако по првиот дел беше нерешено, 14-14, сепак во второто полувреме избраниците на Колев комплетно го надиграа еден од директните ривали за место во плеј-офот.

Лидер на табелата е Фронтињан, додека Курнон сега има 16 бода на десеттото место, а екипите од второто до деветтото место ќе разигруваат за место во француската елита.

Следен тежок испит за Колев и неговиот тим ќе биде гостувањето кај првопласираниот Фронтињан.