Драмата во Велес заврши со поделба на бодовите!

Исто како и во Радовиш, така и мечот во Велес, меѓу екипите на Борец ФЛ и Радовиш заврши нерешено со поделба на бодовите, 30-30. Иако и двете екипи имаа шанси за победнички погодок, сепак на крајот мораа да се задоволат само со по еден бод пред жестоката битка за опстанок во суперлигашката конкуренција, каде ќе играат и Борец ФЛ и Радовиш.

Ракометарите на Радовиш подобро го отворија натпреварот и поведоа со 3-1 на стартот, но домаќините полека се вратија во егал, преку Стојановски и бразилскиот десен бек Черубим израмнија на 6-6.

Потоа на терен влезе Ивица Илиев, довчерашниот член на велешкиот тим, кој уште повеќе го засили нападот на гостите, а искусниот голман Паунов исто така имаше свои моменти, па Радовиш одново отиде на плус два, 12-10.

Домашниот голман Солев исто така фати неколку удари на гостите, врзаа велешани три гола во серија и преку Черубим за првпат водеа во мечот, 14-13. Радоста не траеше долго, бидејќи Постолов во последните секунди од првиот го однесе Радовиш со минималец на паузата.

Вториот дел гостите го отворија со два гола и поведоа со 17-14, а десетина минути ја одржуваа таквата разлика. Радовишани останаа без Трајчевски кој беше исклучен, потоа две минути казна доби и Атанасов, па домашните врзаа три гола во серија за реми, 21-21.

До 24-24 имаше голови наизменично на двете страни, пред Стојановски да ја надмудри домашната одбрана два пати по ред за 26-24, a потоа и Илиев да зголеми на плус три. Велешани стигнаа на минус два, Паунов два пати ги запре да стигнат до реми, но Трајковски на седум минути до крај донесе реми и нови возбудувања, 27-27.

Во препоследната минута од мечот Цвитановиќ погоди за предност на Борец ФЛ со 30-29, но Стојаноскки израмни набрзина. Во последните 60 секунди домаќините промашија, но и ударот на Постолов по тајм-аутот на радовишани беше блокиран, па во преостанатите две секунди немаше време за нешто повеќе. На крајот двете екипи си поделија по бод.

Во тимот на Борец ФЛ се истакна Марио Миланов со десет гола, додека во составот на Радовиш најдобри стрелци беа Петар Стојаноски со седум и Здравко Постолов со шест погодоци. Во следното коло велешани му гостуваат на Бутел Скопје, а радовишани ќе се соочат со шампионот Еурофарм Пелистер.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД18170134
2ВАРДАР 196119170234
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР18160232
4ОХРИД19132428
5ТИКВЕШ 201419102722
6БУТЕЛ19100920
7ПРОЛЕТ1955915
8ПРИЛЕП19621114
9КУМАНОВО19501410
10БИСИНОВ Ф. Л.1923147
11СТРУГА1930166
12РАДОВИШ1912164