Тимот на Јувента Михаловце, каде што брани македонската репрезентативка Драгана Петковска, обезбеди место во полуфиналето на Европскиот Куп.
Словачкиот тим успеа да слави и на гостувањето кај полскиот Гњиезно со 26-22, па со претходната победа со 36-21, убедливо оди во ТОП 4.
Ривал во полуфиналето на Јувента Михаловце и Петковска ќе им биде исландскиот Валур Рејкјавик, кој во четвртфиналето ја елиминира Славија Прага, каде што игра Ангела Јанкуловска. Македонката даде шест гола на двата меча што Славија Прага ги одигра на Исланд.
Во второто полуфинале ќе играат шпанскиот тим Порињо и чешкиот состав Хазена Кинжварт.
Европски Куп, жени, четвртфинале:
Хазена Кинжварт – Хаукар 35-24, 22-27
Јувента Михаловце – Гњезно 36-21, 26-22
Порињо – Јонијас 23-15, 27-26
Валур – Славија Прага 28-21, 22-22
Во Европскиот Куп кај мажите од минатиот викенд место во ТОП 8 обезбедија АЕК Атина и Партизан на Бојан Маџовски, а овој викенд им се приклучија уште шест екипи, меѓу кои и македонскиот освојувач на Купот.
„Сино-белите“ од Автокоманда вторпат беа подобри од италијанскиот Бриксен, а ист таков успех направи и исландскиот Хаукар, кој два пати славеше над словенечкиот Ормож.
Баја Маре со две победи на гости кај финскиот БК-46 оди во четвртфинале, а Олимпијакос го искористи домашниот терен против норвешкиот Драмен и го елиминира.
Рунар Сандефјорд направи мало изненадување со триумфот на гости кај Бешикташ со 30-29 и го елиминира турскиот првак со Гурбиндо, Сорендо, Ашанин…Во четвртфиналето ќе игра и босанскиот Извиѓач, кој по ремито на Кипар, на домашен терен го совлада Анортозис со пет гола.
Европски Куп, мажи, осминафинале:
АЕК Атина – Крка 38-28, 31-25
Хаукар – Јерусалем Ормож 31-23, 31-26
Партизан – Диомидис Аргус 26-28, 32-22
Бриксен – Алкалоид 32-44, 31-38
Рунар Сандефјорд – Бешикташ 35-35, 30-29
Анортозис Фамагуста – Извиѓач Љубушки 25-25, 25-30
Баја Маре – БК46 33-30, 31-32
Драмен – Олимпијакос 35-36, 30-34