Како што најави 24Ракомет, повратникот во суперлигашкото друштво, тимот на Радовиш донесе уште три засилувања пред битките за опстанок.
Радовиш денеска го официјализираше трансферот на Бразилецот Александер Антонио Сантош, како и на Стефан Кочаров и Петар Цветковски.
Првите двајца последниот клупски ангажман го имаа на Косово, Сантош беше дел од Приштина, додека Кочаров го носеше дресот на Вјоса.
Цветковски, кој во минатата сезона одигра одлично во младинската лига и беше најдобар стрелец во дресот на Бутел Скопје, во новиот клуб би требало да стекне поголемо суперлигашко искуство.
Во Радовиш пристигнаа и искусните Славјан Паунов и Ивица Илиев од Борец ФЛ, а клубот го засили уште кружниот напаѓач Томче Трајчевски од Прилеп.
Радовиш на 18 натпревари во Супер лигата успеа да освои само три бода, но битката за опстанок во суперлигашкото друштво допрва следува.