Кипријановска перфектна – најдобар стрелец во триумфот над Сен Аман

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска игра во одлична форма во францускиот шампионат.

Таа беше меѓу најзаслужните за победата на нејзиниот Самбр Авенуа на гостувањето кај Сен Аман со 28-21.

Десниот бек успеа да постигне пет погодоци во мрежата на домаќинките од пет обиди, а од нив два беа од пенал.

Самбр Авенуа сега има 24 бодови и се наоѓа на осмата позиција на табелата во францускиот шампионат, а следен предизвик за Кипријановска и нејзиниот тим ќе биде дуелот со вицепрвакот Брест Бретањ.