Кој од водечкото трио до ТРИ бода во плеј-оф? Еве ги сите можни комбинации!

Во понеделник, многу веројатно, може да биде познато која екипа од водечката тројка на табелата во Супер лигата, ќе пренесе три бода во плеј-офот, што може да биде многу значајно во битката за титулата. Иако можеби и нема да биде и пресудно за освојување на титулата.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе го пречека составот на „сино-белите“ од Автокоманда во „Боро Чурлевски“ по европските обврски за двете екипи во Лигата на шампионите и Европскиот Куп.

Под претпоставка трите екипи да победат на трите преостанатие дуели од 20, 21 и 22 коло до крајот на Супер лигата, тогаш дербито во Битола ќе реши кој тим прв ќе мине низ целта пред плеј-офот.

  • Ако мечот заврши нерешено или пак победи тимот на Кирил Лазаров, тој тим ќе го освои првото место, Вардар ќе биде втор, а Еурофарм Пелистер трет. Тимот од Автокоманда носи три бода, а другите два ривали по два бода во плеј-офот во овој случај.
  • Ако Еурофарм Пелистер слави со разлика до 7 погодоци, првото место ќе биде за „сино-белите“ од Автокоманда, а ситуацијата со пренесувањето бодови ќе биде иста како во претходниот случај.
  • Ако Еурофарм Пелистер слави со разлика од 9 погодоци и повеќе, тогаш првото место ќе го освојат битолчани, Вардар ќе биде втор, а тимот од Автокоманда ќе заврши на третото место.
  • Ако Еурофарм Пелистер слави со 8 погодоци разлика, тогаш има уште три можни расплети.
    Ако Еурофарм Пелистер постигне повеќе од 35 погодоци (36-28, 37-29, 38-30…) тогаш ќе го освои првото место, Вардар ќе биде втор, тимот од Автокоманда трет.
    Ако Еурофарм Пелистер постигне помалку од 35 погодоци (34-26, 33-25, 32-24…) тогаш Вардар ќе го освои првото место, битолчани ќе бидат втори, а тимот од Автокоманда трет.
    Ако Еурофарм Пелистер победи со точен резултат 35-27, тогаш сите три екипи ќе имаат по ист број бодови, иста гол разлика, ист број на постигнати голови, па ќе мора да играат МИНИ ТУРНИР на кој ќе биде одреден конечниот пласман на табелата.

Меѓусебни дуели:
Алкалоид – Вардар 33-30
Вардар – Еурофарм Пелистер 27-24
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 32-25
Вардар – Алкалоид 29-27
Еурофарм Пелистер – Вардар 35-33
Еурофарм Пелистер – Алкалоид ???

мини табела:
1. Алкалоид (3) 4 бода 92:84 (гол разлика +8)
2. Вардар (4) 4 бода 119:119 (гол разлика 0)
3. Еурофарм Пелистер (3) 2 бода 84:92 (гол разлика -8)

Покрај дербито, трите тима имаат да одиграат уште три меча до крајот на Супер лигата, од кои два пред ЕХФ неделата, а уште еден по репрезентативниот двомеч на Македонија и Словенија.

Еурофарм Пелистер има најлесен распоред до крајот, а Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда имаат натпревари со тимот на Охрид, кој може да им ги расипе сметките.

До крајот на регуларниот дел од Супер лигата:
Еурофарм Пелистер – Радовиш (г), Бутел Скопје (д), Прилеп (г)
Вардар – Тиквеш (д), Охрид (г), Струга (д)
Алкалоид – Пролет (д), Куманово (г), Охрид (д)