Дарко Димитриевски со нов договор – ќе остане во Аликанте до 2028!

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски потпиша нов договор со шпанскиот Аликанте.

Со новата соработка Македонецот се обврза да остане во овој амбициозен клуб најмалку до 2028 година.

Димитриевски е како дома во Шпанија, бидејќи пред Аликанте ги носеше дресовите на Ваљадолид, Сагунто, Адемар Леон и Синфин Сантандер, каде остана најдолго.

Аликанте е дел од втората по ранг лига во Шпанија, но се наоѓа на лидерската позиција и со големи шанси да избори место во Асобал лигата.