Мелсунген на Парондо се засили со шведски бек

Бундеслигашот Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, се пофали со ново име во своите редови.

Станува збор за повремениот репрезентативец на Шведска, Џонатан Свенсон, настапува на позицијата лев бек и веднаш ќе му се стави на располагање на бундес-лидерот.

Швеѓанецот во сезона 2023/24 пристигна во Бундес лигата, поточно во Ерланген и во овој клуб ја започна и интернационалната кариера.

Поради големата конкуренција, левиот бек немаше простор да ги покаже своите квалитети, па така двете страни одлучија секој да си продолжи по својот пат.

Свенсон во својата татковина беше дел од Иштад, со овој клуб играше во европските натпреварувања каде што имаше забележителни партии.

Мелсунген активно работи на трансфер пазарот, за следната сезона се засили со голманот на Унгарија, Криштоф Палашич, а во план има да донесе уште неколку засилувања.