Екипата на Охрид победи и на претпоследната ,,контролка” пред стартот на вториот дел од сезоната.
Избраниците на Стевче Алушовски без многу проблеми забележаа убедлив триумф над Куманово со 31:19.
Охриѓани веќе на пауза заминаа со предност од 19:9 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Двајцата тренери го искористија мечот да им дадат шанса да сите ракометари од клупата.
Охрид против Вардар ќе го има последниот тест пред продолжувањето на натпреварите од супелригашкото друштво.