📷 Голот што предизвика полемики на СП – ЧИСТ КАКО СОЛЗА!

Многу полемики особено во хрватските медиуми, што е логично ако се знае кој ќе им биде противник во полуфиналето, предизвика победничкиот погодок на Лука Карабатиќ против Египет.

Тој беше постигнат на три стотинки до крајот на натпреварот, директно од центарот по примениот гол за реми.

Хрватските медиуми тврдат дкеа кога Карабатиќ шутираше од центар, имало уште еден француски ракометари (Наи), кој веќе бил на половината на Египет и дека поради тоа голот бил нерегуларен.

Сепак доколку подобро се анализира снимката од последниот напад на Франција, ќе се утврди дека погодокот на Карабатиќ е чист како солза.

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски перфектно ја отсудија драматичната средба, а при последниот погодок гледаа снимка само за да се утврди дали погодокот е постигнат во регуларното време, а не дали е регуларно изведен нападот.