Еден од домаќините на Мундијалот, Хрватска, во инфаркт завршница по трумфот над Унгарија се пласираше во полуфиналето и ќе се бори за медал.
Последниот натпревар во „Арена Загреб“ пред финалниот викенд во Осло ќе биде дуелот меѓу Хрватска и Франција.
Оние што очекувале дека нивните миленици ќе играат во полуфинале, веројатно многу порано обезбедиле билет, а сега почнува вистинската трка.
На официјалниот сајт за продажба, билетите чинеа од 60 до 100 евра, но таму сега нема повеќе билети, па на сцена стапува „црниот пазар“.
А таму според пишувањата на „Индекс“, цената достигна и до 1.500 евра, или повеќе од две просечни плати во Македонија!
Како ќе се ближи почетокот на мечот, така сигурно ќе расте и цената кај „тапкарошите“.
Натпреварот меѓу Хрватска и Франција се игра утревечер во „Арена Загреб“ со почеток во 21:00 часот.