Иако губеше со четири гола разлика на пет минути до крајот, сепак Хрватска успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.
„Коцкестите“ ја совладаа со 31-30 селекцијата на Унгарија во драматична завршница со голот на Марин Шипиќ.
Навивачите во преполната „Арена Загреб“ беа сведоци не невидена драма, а меѓу нив беа и играчите што не беа дел од мечот.
Игор Карачиќ, Лука Циндриќ, Ловро Михиќ, Верон Начиновиќ…цел меч „коси кубеа и нокти гризеа“, но на крајот се израдуваа на конечниот исход.