По натпреварот меѓу Унгарија и Македонија во Вараждин се случила сообраќајна несреќа, која била предизвикана од наш навивач.
Според информациите од полицијата во Вараждин, несреќата се случила во 23:10 часот веднаш по завршувањето на натпреварот, а учествувале 32-годишен македонски државјанин, со 1,13 промили алкохол во крвта и 59-годишен унгарски државјанин.
„Пристигнувајќи на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти сите возила кои се движат по тој пат. Поради тоа, со предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на патничко возило управувано од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница. Во сообраќајната незгода нема повредени, но причинета е материјална штета“, се вели во информацијата од полицијата.
За среќа, има само материјална штета.