Македонија успеа да одигра херојско реми на стартот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка со големата Унгарија, 27-27.
Десниот бек Мартин Серафимов вели дека не треба да сме задоволни со резултатот, но и дека не треба да сме разочарани.
„Не можеме да сме задоволни од резултатот, ама и не треба да сме разочарани. Унгарија е моќна репрезентација со играчи кои играат во ЛШ. Многу сум среќен што дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен. Резултатот така дојде. Се почувствував како да сум дома. Публиката многу ни помогна, беше наш осми играч и сигурен сум дека ќе нè бодри до крај. Претходно сите сме делеле минутажа, но сега сите играчи кои се во тимот имаат улога во тимовите. Играме во Лигата на шампионите, Лига на Европа, Европскиот Куп, Суперлигата… сите играме, се надигруваме, а тоа ни дава искуство и знаење, да играме и сплотено, како што треба“, изјави Серафимов.
Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Холандија на 17 јануари, додека на 19 јануари е пресметката со Гвинеја.