Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија довербата да го судат дербито на денот.
Станува збор за средбата меѓу Германија и Полска од групата А, каде се само европски селекции.
Натпреварот меѓу Германија и Полска ќе се игра вечерва од 20:30 часот во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.