Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го има последниот тест пред стартот на Светското првенство.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се соочат со африканскиот ривал Зеленортски Острови во пријателски натпревар.
Maкедонија претходно играше пет средби – ги доби трите против Нови Београд, Динамо Панчево и Сесвете, а загуби од Србија и Хрватска.
Нашите ракометари се во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а првиот меч е на 15 јануари против Унгарците од 20:30 часот.