Циндриќ се врати, но сега Мандиќ е неизвесен за СП

Еден проблем на хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон е решен, но сега се појави друг пред стартот на Светското првенство.

Лука Циндриќ играше од првата минута на пријателскиот натпревар против Словенија, а тоа значи дека ќе биде подготвен за настап на Мундијалот.

Но сега главоболки на Сигурдсон му задава левото крило Давид Мандиќ. Тој се повреди во првиот дел на мечот со Словенија.

Станува збор за повреда на мускулот, но допрва ќе се утврдува дали е само истегнат или можеби скинат.

Хрватска е во група со Бахреин, Египет и Аргентина во прелиминарната фаза на СП.