Машката репрезентација на Македонија денеска во Стара Пазова ќе го одигра вториот контролен натпревар како дел од подготовките за Мундијалот во јануари.
Избраниците на Кире Лазаров во втората контролка силите ќе ги одмерат со еден од најдобрите српски супералигаши – Динамо Панчево.
Како што е познато, нашата репрезентација тестираше со Нови Београд и победи убедливо со 85:44 во натпревар во кој се играше 90 минути.
Македонија до крајот од подготвителниот период во Стара Пазова ќе одигра уште неколку пријателски натпревари.
На Светското првенство „црвено-жолтите“ за ривали во групната фаза ги имаат репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.