Две македонски екипи на новогодишен турнир во Србија

Две македонски екипи, Младост Ресен и Аеродром, ќе бидат дел од новогодишниот турнир „Трофеј Белград – Терме Чатеж“.

Младост Ресен ќе настапи со машката екипа, генерација 2008 година, а се најде во групата А со домашниот тим на Нови Београд, босанскиот тим Раднички Горажде и словенечкиот тим Радовљица.

Натпреварите во оваа генерација ќе се играат во две полувремиња од по 20 минути.

Аеродром ќе биде дел од машкиот турнир за ракометари родени 2010 година и помлади, а ќе игра во групата Б со домашните тимови на Нови Београд и Партизан.

Натпреварите во оваа генерација ќе се играат во две полувремиња од по 15 минути.

Турнирот ќе се игра во Белград од 27 до 29 декември, а ќе настапат многу екипи во шест конкуренции – по три во машка и женска со генерациите 2008, 2010 и 2012 година.