Претседателот на ХРС, Томислав Граховац, на годинешното собрание на хрватската ракометна куќа откри зошто Хрватска се откажала од кандидатурата за организација на Европското првенство 2030 и 2032 година.
Причината поради откажувањето е од финансиски причини, бидејќи ниту една федерација во Европа сама не може да организира едно големо натпреварување.
Европската ракометна куќа побарала гаранции дека Хрватска ќе може да ги покрие високите трошоци, кои по корона периодот пораснаа до „небо“.
Хрватите во јуни ја најавија самостојната кандидатура за машкото ЕП 2030 и ЕП 2032, но мораа да се откажат во последната етапа, па ЕХФ на Конресот ги додели организациите на Чешка, Полска и Данска за 2030, односно Германија и Франција за 2032 година.